Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид ќе испрати понуда што не се одбива за Килијан Мбапе

Своето незадоволство од привлекувањето на Лионел Меси, Килијан Мбапе најверојатно ќе го манифестира со заминување од редовите на ПСЖ.

Реал Мадрид се одлучни ова лето да го доведат Килијан Мбапе на „Сантијаго Бернабеу“, а за сето тоа имаат тактика која веќе даде резултат.

Според весникот „Лекип“, Флорентино Перез ќе испрати фантастична понуда од 150 милиони евра за Мбапе до ПСЖ. Францускиот клуб ќе треба да реши дали ќе ги прифати парите и ќе го пушти фудбалерот во Мадрид или ќе го чува и сезонава за следното лето тој да си замине без обештетување.

Мбапе во ПСЖ дојде од Монако за 180 милиони евра, а Реал сега им нуди „само“ 120 милиони.

Во Мадрид се свесни дека договорот на Мбапе со „Светците“ истекува следното лето, па тогаш тој може да дојде во тимот на Карло Анчелоти без отштета. Некои наводи се дека младата француска ѕвезда не е баш најсреќна што Меси ќе му биде соиграч – конкуренција во ПСЖ, па тоа е мотив плус за него порано да ја смени средината.

Сличната тактика Реал ја употреби и во случајот со Еден Азар, кој во Мадрид дојде од Челси. На сличен начин во клубот завршија и Тибо Куртоа, односно Тони Крос.

Минатата сезона Мбапе одигра 47 меча за францускиот клуб, постигна 42 гола и имаше 10 асистенции.