Фудбал
Реал Мадрид му нудел богатство на Мурињо да го одбие Тотенхем и да почека Зидан да замине
Англискиот „Сан“ објави интересна вест дека Жозе Мурињо го одбил Реал Мадрид и ја прифатил понудата на Тотенхем. Како што пишува овој медиум, „Кралевите“ му нуделе на Португалецот неверојатни 12 милиони фунти само да го одбие тимот од Лондон и да почека Зинедин Зидан да замине од клубот.

Сепак, Мурињо го одбил сето тоа и ја прифатил понудата на Тотенхем.
По неговото доаѓање овој клуб забележа три победи, две во Премиер лигата и една во Лигата на шампионите.