Фудбал
Реал Мадрид не мисли дека Белингем е добра инвестиција
Реал Мадрид се повеќе се оддалечува од идејата дека Џуд Белингам е добра инвестиција за претстојното лето, кога се очекува Британецот да ги смени тимовите.
Белингем ќе биде една од ѕвездите на летниот преоден рок, а буквално цела сезона се зборува за преселба или во Реал Мадрид или во Ливерпул. Улогата на фаворит за неговиот потпис одвреме-навреме се префрлаше од една на друга страна, а се чини дека во оваа битка Реал „испаѓа“.
Токму, како што пишува „Релево“ преку свои извори од Мадрид, Реал се откажува од трката за Белингем, бидејќи не е убеден дека вложените пари ќе се исплатат. Поточно, за англискиот играч за врска треба да потрошат повеќе од 100.000.000, што генерално не им е проблем, но во клубот се загрижени поради тешкото прилагодување на англиските фудбалери на шпанско тло. Освен фудбалот, има и културни и јазични разлики, се разбира. Тие не сакаат да инвестираат дополнителни ресурси за да го етаблираат во Мадрид и ризикуваат значителна сума пари за да го сторат тоа. Знаат дека реновирањето на стадионот „Сантијаго Бернабеу“ ги чини многу, па не сакаат мегаломански трошења во овој момент.
Освен ако самиот Џуд Белингем не сака да стане дел од „кралскиот клуб“. Во таков случај Реал е подготвен да ризикува со сите придружни елементи.
Така, во трката за Белингем веќе води Ливерпул, но и Манчестер Сити кој неодамна влезе во трката. Белингем е голем фан на Стивен Џерард и се вели дека ужива во идејата да се пресели на Енфилд, каде што ќе биде клучна фигура во следната деценија.
За потписот на големиот англиски талент се очекува да конкурираат и Пари Сен Жермен и Челзи.