Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид со „шестка“ го завери пласманот во осминафиналето, Ливерпул прокоцка водство од 3-0 (ВИДЕО)

Реал Мадрид во голем стил, со шест гола во мрежата на противникот го завери пласманот во осминафиналето, АПЕОЛ се посрамоти на свој терен.

Карим Бензема и Кристијано Роналдо постигнаа по два гола, по еднаш прецизно стрелаа Лука Модриќ и Начо.

Ливерпул со два гола на Фирмино и еден на Мане, водеше со 3-0 во првото полувреме на гостувањето кај Севиља, но домаќините се спасија од пораз.

До 60. минута намалија на 3-2 со два гола на Бен Једар. Течеше 93. минута кога Пизаро постигна погодок за конечни 3-3. Тоа ја одложи промоцијата на Ливерпул во осминафиналето за последното коло.

Наполи со фантастична игра во второто полувреме го победи Шахтор со 3-0 и остана во игра за осминафиналето.

Резултатот го отвори Инсиње со маестрален погодок во 56. минута, Зиелински зголеми на 2-0, а конечните 3-0 ги постави Мертенс.

Тотнем и покрај тоа што од минатото коло се пласираше во осминафиналето, одигра одлично и ја победи Борусија во Дортмунд со 2-1.

Дортмунд поведе со гол на Обамејанг во првото полувреме, Кејн со ран гол во вториот дел го најави пресвртот, а победата ја донесе Сон на 15 минути до крајот.

Монако доживеа дебакл на свој терен од Лајпциг губејќи со 4-1 и ги загуби сите шанси за прогрес.

Вернер постигна два гола, Кеита даде еден, Монако си постигна и еден автогол преку Јемерсон. Фалкао погоди за францускиот тим.

Манчестер Сити со гол на Стерлинг во 88. минута дојде до триумф над Феенорд.