Фудбал
Реал Мадрид со официјално соопштение во врска со информациите за Флорентино Перез
Реал Мадрид ги демантираше гласините кои се појавија на социјалните мрежи дека претседателот на клубот Флорентино Перез размислува да се пензионира. Шефот има 76 години и беше на чело на Лос Бланкос 20 сезони во два периода – 2000/2006 и 2009/2023 година.
Еве што се вели во официјалното соопштение на клубот од „Сантијаго Бернабеу“:
Во врска со некои гласини кои се појавија на социјалните мрежи, според кои Флорентино Перез размислувал да ја напушти функцијата, Реал Мадрид сака да го појасни следново: овие гласини се целосно лажни и служат за интереси кои немаат врска со реалноста. Дополнително, нема да има точка на агендата на следното Генерално собрание на членовите на Реал Мадрид за да се расправа за раководството на клубот.