Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид во Лигата на шампионите заработи 133,7 милиони евра

Фудбалскиот клуб Реал Мадрид минатата сезона во Лигата на шампионите заработи 133,7 милиони евра, соопшти денеска Европската фудбалска унија (УЕФА).

Во соопштението се наведува, како што пренесува АП , дека вкупната заработка на Реал ја вклучува основната уплата за влез во групната фаза од ова елитно натпреварување , бонуси за резултати, дел од правата за пренос на Шпанија и дополнителна исплата врз основа на историските рекорди на клубовите во натпреварувањата под авторитетот на УЕФА.

Реал минатата сезона ја освои Лигата на шампионите, откако во финалето во Париз го совлада Ливерпул со 1:0. Тимот од Ливерпул заработи 120 милиони евра.

Баерн е трет на листата со заработени 110 милиони евра, додека четврти е Манчестер Сити со 109 милиони евра.

УЕФА објави дека 32 клуба во групната фаза заработиле во просек по 61,8 милиони евра, а најмалку Шериф , 23,7 милиони евра.

УЕФА објави дека победникот во ова натпреварување – Ајнтрахт од Франкфурт , заработил најмногу во Лига Европа со 38 милиони евра.

Рома најмногу заработи во Конференциската лига со 19,2 милиони евра. Рома минатата сезона ја освои Конференциската лига.