Connect with us

Фудбал

Реал може да си врати бек од Тотенхем

Реал Мадрид сериозно ја разгледува можноста од Тотенхем да го врати дефанзивецот Серхио Регилон. Левиот бек сезонава настапува доста добро за „мамузите“ и тоа не остана незабележано од газдите на „белиот балет“. Во договорот со „мамузите“ има клаузула според која мадриѓани можат да го откупат играчот за одредена сума и клубот веќе сериозно размислува дали да го активира од лето, пишува ABC.

Регилон стана главна фигура во шемата на Антонио Конте. Од почетокот на сезоната има забележано 22 натпревари и 1 гол на своето конто. Тренерот никако не сака да се раздели со него, но можеби нема да има избор, особено што самиот играч постојано повторуваше дека сака да се докаже во Реал.

Сега се е во рацете на мадриѓаните, кои мора да одлучат дали на лето ќе го вратат 25-годишниот играч и ќе му дадат нова шанса. Реал често поставува слични откупни клаузули за веќе продадените играчи. Пред извесно време клубот по оваа шема го врати Алваро Мората од Јувентус, откако Шпанецот одигра неколку многу силни сезони во тимот на „Старата дама“.