Connect with us

Фудбал

Реал Сосиедад на својот Твитер: Одегард на позајмица во Манчестер Сити, какво олеснување!

Шпанскиот клуб Реал Сосиедад на својот Твитер налог објави фотографија од Мартин Одегард и напиша дека договор е постигнат со Манчестер Сити за позајмица на фудбалерот.

-Реал Сосиедад постигна договор со Манчестер Сити за позајмицата на Мартин Одегард. Фудбалерот ќе остане во Манчестер Сити до крајот на сезоната.

Клубот сака да се заблагодари за работата што ја направи Мартин. Тој покажа одличен професионализам, посветеност и лојалност кон овој клуб и му посакуваме се најдобро во иднината.

Принудени да ја донесеме оваа тешка одлука со цел да ги избегнеме можните коментари во медиумите за следните шест месеци. Какво олеснување!

Сепак, ова не е вистина туку се работи за еден вид шега на Реал Сосиедад. 28-ми декември е ден на шегата во Шпанија.