Connect with us

Други спортови

Ред Бул му ја намалува платата на Перез?

Според холандскиот новинар Ерик ван Харен, договорот на Серхио Перез вклучува клаузула која му дозволува на Ред Бул да му ја намалат платата и бонусите на Мексиканецот доколку тој заостане премногу зад неговиот тимски колега Макс Верстапен.

Перез моментално заостанува 125 бода зад Верстапен во генералниот пласман. Според информациите на Ван Харен, ова е лимитот што му овозможува на Ред Бул да ја активира клаузулата и да ја намали платата и бонусите на својот возач.

Перез ја акумулираше оваа обврска главно поради неговата разочарувачка квалификациска форма во последните месеци. Мексиканецот имаше серија од пет последователни викенди каде не се ни во третиот сегмент од квалификациската сесија. Во меѓувреме, Верстапен постојано стартуваше од првиот ред и победуваше на трки, додека Перез има само два подиуми во последните седум старта.