Connect with us

Фудбал

Рекоба за Конте: Ист како Спалети, ако не освои скудето!

Легендарниот напаѓач на Интер, Алваро Рекоба изјави дека тренерот на „Нероаѕурите“ Антонио Конте нема да биде воопшто поинаков од Лучиано Спалети, доколку не освои титула во Серие А.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, Рекоба изјавил дека во моментов воопшто не може да се прави споредба на Интер и Јувентус.

Екипата на Интер во моментов не може да се спореди со Јувентус. Двете натпреварувања ќе го изморат сегашниот состав на Интер. Она што може да биде пресудно во 38-те натпревари во Серие А, е тоа што Интер ја нема „длабочината“ на Јувентус, односно клупата. Ме изненади страста на навивачите, не се сеќавам порано да имало вакво нешто, изјави Рекоба.

Уругваецот дури 11 сезони играше на „Џузепе Меаца“, во период од 1997 до 2008 година. Постигна 53 голови на 175 натпревари во дресот на Интер.