Connect with us

Фудбал

Ремзи: Роналдо извини, не сакав да ти го украдам голот

-Среќен сум поради голот, но не сакав да му го украдам на Роналдо, изјави Арон Ремзи, кој на синоќешниот меч против Локомотив Москва го спречи Португалецот да постигне гол од слободен удар, откако практично од гол линијата ја „бутна“ топката во мрежата.

Роналдо беше бесен поради тоа, а уште понервозно реагираше кога Сари одлучи да го извади од игра на десет минути пред крајот на мечот при 1:1. Потоа Даглас Коста погоди во судиското продолжение и Јувентус славеше.

-Роналдо е лут, но не затоа што го заменив, туку затоа што физички не е добар. Кога видов дека при еден спринт направи движење кое не ми се допаѓа, го сменив, бидејќи ми беше страв да не се повреди, изјави тренерот на Јувентус.