Фудбал
Решението е пронајдено, Интер подготвува размена
Како што пренесуваат италијанските медиуми, Интер ќе го „освежи“ нападот во јануари. Наводно се подготвува размена со Џенова. Интер веќе извесно време го следи Кристијан Куаме, кој е една од светлите точки сезонава во Џенова, која бележи лоши резултати.
Наводно Конте ќе го испрати Матео Политано, а Куаме во Милано ќе пристигне како позајмен со право на откуп.