Ракомет
РФМ ги награди ракометарките за пласманот ов баражот за СП 2019
Македонската женска ракометна репрезентација за успешниот настап во квалификациите и пласманот во баражот за СП 2019 доби парична награда од 10.000 евра , а дополнителни 30.000 евра ќе поделат доколку ја поминат Словенија во јунскиот бараж и се пласираат на СП во Јапонија.

-Имате апсолутна поддршка. Очекувам детална програма за подготовките и ќе настојуваме да направиме се им дадеме шанса на ракометарките да направат нешто повеќе – истакна претседателот на РФМ, Живко Мукаетов на седницата на Управниот Одбор.
Бараж двомечот со Словенија ќе се одигра во периодот од 31 мај/2 јуни и 8/9 јуни, првиот натпревар макеоднската репрезентација го игра на домашен терен, а реваншот е во Словенија.