Ракомет
РФМ ќе ги награди кадетите со 700.000 денари за освоениот ЕХФ шампионат во Летонија
Ракометната федерација на Македонија ќе ги награди кадетите кои пред неколку дена го освоија ЕХФ шампионатот во Летонија со 700.000 денари (над 11.000 евра). Ова го објави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, кој денеска ги прими ракометарите по враќањето од Рига.
Македонските кадети со освојувањето на турнирот обезбедија пласман на Светското првенство 2023 година и на Европското првенство во 2024 година.
Воедно, првиот човек на македонскиот ракомет посочи дека репрезентацијата ќе биде наградена со 700.000 денари, откако одлуката за премијата ќе помина на Управен одбор. Мукаетов уште еднаш покажа дека знае да ги цени успесите на македонските ракометари и дека не се случајни резултатите на репрезентациите во сите категории на кои РФМ им овозможува идеални услови за тренинзи и подготовки.