Ракомет
РФМ: Нема билети за Македонија – Турција
Соопштение до јавност за натпреварот Македонија – Турција.
Ракометната федерација на Македонија ја известува македонската спортска јавност дека билети за престојниот натпревар против Турција на големо разочарување – Нема !!!
Притоа по одржаните состаноци и консултации со МВР а во согласност со правилниците на ЕХФ ќе биде забрането секакво внесување на недозволиви средатва од типот на : запалки , метални пари , шишиња со вода , сок или било какви алкохолни производи.
Исто така важно, со еден билет едно лице. Салата “Боро Чурлевски” за натпреварот Македонија-Турција ќе биде отворен во 18:00 до 19:45 часот . За сите останати кои не успеаја да дојдат до билет натпреварот ќе можат да го проследат на Телма ТВ .