Connect with us

Ракомет

РФМ ОДЛУЧИ: Савевски останува уште две години селектор на женските репрезентации

Македонската женска ракометна репрезентација има нов селектор, а тоа е Љубомир Савевски.

Управниот Одбор на Ракометната Федерација на Македонија, согласно Член 35, 59 и 60 од Статутот поради итност на донесување на одлука согласно Член 3 точка 11 “Одлука без присуство” од Законот за здружение и фондации (Сл. весник на РМ бр. 52 од 16.04.2010 год.) на ден 27.08.2021 година донесе Одлука за именување на досегашниот Координатор на женски национални селекции г-дин Љубомир Савевски за Селектор и Координатор на националните селекции во женска конкуренција.

Стручњакот кој од јуни досега работеше како координатор на младите селекции, а со У17 тимот дојде и до трофеј на ЕХФ шампионатот во Литванија, во наредните две сезони ќе биде селектор и на првиот тим. Ракометната федерација на Македонија, со официјално соопштение ја потврди промената на функцијата на Савевски.

Со ова, Савевски е награден за одличниот резултат со составот до 17 години со кој дојде до златниот медал на ЕХФ шампионатот во Литванија.