Connect with us

Ракомет

РФМ: Се извинуваме, но влезниците ги отстапивме на Пелистер

„Почитувани пријатели на ракометот,Ракометната Федерација на Македонија ги отстапи влезниците во целост на РК Пелистер за квалификацискиот натпревар помеѓу Македонија – Турција кој се одржа во спортската сала “Боро Чурлевски”.

Ракометната Федерација на Македонија упатува извинување до сите кои имаа обезбедено влезници, а немаа можност да присуствуваат на натпреварот и истите ќе бидат финансиски надоместени од страна на РК Пелистер“ – стои во соопштението од РФМ.