Connect with us

Ракомет

РФМ со писмо до ЕХФ за најавеното исклучување на Вардар од Лигата на шампионите

Поради неисплатени долгови, ЕХФ размислува да го исклучи РК Вардар од натпреварувачката сезона во Лигата на шампионите. Ова вчера беше објавено како екслузивна вест од страна на специјализираниот сајт за ракомет „Балкан-хандбал“, а првиот човек на „црвено-црните“, Михајловски најави дека ако се случи такво нешто, правдата ќе ја бараат по судски пат.

Со писмо реагираше и Македонската ракометна федерација до ЕХФ. Во него се бара да му се дозволи на Вардар да игра во ЛШ.

-Вардар е бренд не само во Македонија туку и на Балканот и Европа. Има голема база на навивачи и голема важност во развојот на ракометот во Македонија. Двократен освојувач на Лигата на шампионите и со самото тоа е главен виновник што голем број млади се одлучија за овој спорт. Се плашиме дека оваа одлука за исклучување на Вардар може да влијае негативно на сликата за ракометот генерално не само во Македонија туку и на целиот Балкански полуостров, пишува во писмото од РФМ.

 

Реклама

Facebook