Connect with us

Тајмаут

Рибери го исмејуваше Дешамп: Јас сум на Ибица, подготвен сум за резерва

Голема прашина се крена во Франција, откако играчот од средниот ред на ПСЖ, Рабиот побара од селекторот Дидиер Дешамп да го отстрани од листата на резервни играчи за Светското првенство во Русија.

Со овој потег најверојатно си ја затвори вратата за репрезентацијата на подолго време, а играчот на Баерн, Френк Рибери, застана на негова страна.

Рибери го исмеа резервниот список на Дешамп преку твитер.

„Путин, јас сум на Ибица. Штотуку добив телтфонски повик. Има место помеѓу резервите. Дидиер, спремен сум“ напиша Рибери

https://twitter.com/FranckRibery/status/999307861183299585