Фудбал
Рибери на 36 години препороден, играч на месецот во Серие А
Фудбалерот на Фиорентина Франк Рибери игра како препороден иако има 36 години. Тој е прогласен за играч на месецот во Серие А.
Францускиот шампион ќе биде награден во недела на 6 октомври, пред натпреварот на стадионот „Артемио Франки“ против Удинезе.
-Рибери ни го покажа најдоброто од својот репертоар во почетокот на оваа сезона. Задоволство е што првиот МВП во сезоната беше доделен на шампион како него, изјави Луиџи Де Сиерово, извршен директор на Серие А.
Рибери има два гола и една асистенција во месец септември, но во изборот за МВП на месецот се вклучени точните додавања, учествувањето на акциите за постигнување на голови, креирањето на шансите и друга статистика, каде според челните луѓе на Серие А, Французинот бил неприкосновен.