Фудбал
Рибери останува во Италија, си најде нов клуб во Серија А
38-годишниот Рибери кој во последните две години играше за Фиорентина, утре треба да се појави на медицински тестови со Салернитана.
„ФРТ“ ќе пристигне в понеделник на задолжителните медицински прегледи, а потоа ќе потпише договор што ќе го „врзе“ со Салернитана на една година, со можност соработката да биде продолжена за уште сезона, најави весникот „Кориере дело Спорт“.
Салернитана после 22 години се врати во Серија А, но имаше два порази во првите две кола, па управата сака да го засили составот. Куиз кој има 34 години, од крајот јуни наваму е слободен играч откако му истече договорот со лондонските Топчии. Интерес за Луиз има и од Фламенго, но тој прво чека понуди од Европа, а ако не прифати ниту една, ќе се врати во Бразил.