Connect with us

Фудбал

Ристовски: Денес, Македонија им ги отвори очите на фудбалскиот свет, во нашата соблекувална нема Македонец, Албанец

Нашиот капитен Стефан Ристовски по дуелот говореше пред новинарите и сите дека е горд што е предводник на овој тим. Ова е изјавата на нашиот капитен:

„Убаво е ова, исполнет сум емоции и горд сум што говорам пред сите за овој успех. Натпреварот колку и да звучеше пред стартот дека ќе бидеме релаксирани, притисокот си го правеше своето. Македонија не е навикната да игра вакви натпревари за влез на ЕП, за бараж на СП… Денес, Македонија им ги отвори очите на фудбалскиот свет. Како што напоменав пред меч, квалитетот излезе на површина. Имаме одлични играчи, носители на играта во квалитетни лиги и тоа ја направи разликата. Околу публиката… драго ми е што го израдувавме овој народ. Во нашата соблекувална нема Македонец, Албанец… црн, бел… туку има единство, сите играме за еден дрес и така успеавме да дојдеме до овој бараж“, изјави Ристовски.

 

Видео од прес конференцијата:

Реклама

Facebook

Реклама