Ракомет
Ристовски: Победивме поради Кире, а потфрливме колективно
Голманот на Вардар, Борко Ристовски во изјава за Македонската телевија вели дека победивме поради Кире Лазаров, но дека колективно потфрливме на денешниот натпревар против репрезентацијата на Чиле.
„Индивидуално го добивме натпреварот, иако колективно поотфрливме. Да не беа Лазаров, Пешевски, Митревски и Томовски, се сомневам дека ќе победевме. Сепак, најважно е што победивме и се квалификувавме во следната фаза“, изјави Ристовски во студиото на МРТВ.
Борко не е преголем оптимист за следната фаза, со оглед на квалитетот на противниците.
„Мислам дека не ни оди во прилог што ќе играме со Белорусија, Русија и Словенија. Не ни лежат противниците и се надевам дека нема да доживееме дебакл“, заврши искусниот голман.
Репрезентацијата на Макеоднија со 32:29 ја победи репрезентацијата на Чиле и со ова обезбеди место во главната групна фаза на Светското првенство во ракомет кое оваа година се одржува во Египет.
Овој триумф значи дека македонските репрезентативци ќе го продолжат престојот на турнирот и ќе играат во следната фаза, каде ќе разигруваат со најдобрите од групата Х.
Во продолжението на првенството, Македонија ја чекаат натпревари против Белорусија, Русија и Словенија. Првиот меч е на програмата в среда.