Connect with us

Ракомет

Ристовски со порака: Морав да одам на операција, размислувам на следната сезона

Борко Ристовски ја заврши сезоната и нема да може да му помогне на Вардар на следните натпревари во СЕХА-лигата против Металопластика. Искусниот чувар на мрежата веќе долго време имаше проблем со менискусот, и дел од мечевите ги играше под инекции, се со цел, Вардар сезоната да ја заврши со двојната круна.

Денеска Ристовски преку видео порака на официјалниот Фејзбук профил на тимот изјави дека истата поминала успешно, и ја повика армијата на навивачи на Вардар во следната сезона да пружи поддршка до својот омилен клуб во пеколната сезона во која скопјани ќе се борат на три фронта.

„Сакам да соопштам дека во текот на вчерашниот ден врз мене беше направена операција на коленото. Мина во најдобар ред, поради професионалноста на Д-р Настов. Се решивме на ваков чекор на крајот од сезоната за безболно да ги почнам подготовките, затоа што верувајте дека наредната сезона чекаат двојно повеќе натпревари и потешки моменти. Сакам да испратам порака до навивачите на Вардар сите да бидеме обединети затоа што доаѓаат многу напори, за да го вратиме Вардар таму кадешто е местото, на врвот на Европа. Имајте убав летен одмор и чувајте се, бидете сите заедно за Вардар“, изјави Ристовски.

Во отсуство на Борко Ристовски, на голот на Вардар ќе бидат Робин Кантегрел и Марко Кизиќ.

Видеото можете да го погледнете ТУКА.

Реклама

Facebook