Connect with us

Ракомет

РК Вардар повикува на заедничко дружење и следење на средбата со Мешков

Македонскиот ракометен шампион Вардар ги повикува своите навивачи на дружење и на заедничко следење на дуелот со Мешков закажан за 30 октомври во 16 часот.

– На крајот од месецов продолжуваат натпреварите од СЕХА Газпром лигата, а Вардар гостува кај Мешков во Брест, Белорусија. Играњето во гости не значи дека навивачите нема да можат заедно да го бодрат тимот, напротив истото може да се направи во ресторанот на хотелот Русија. Тогаш ги очекуваме и оние што сакаат заеднички да го проследат натпреварот. Да се дружиме, навиваме и уживаме во уште еден ракометен натпревар на актуелните прваци на СЕХА Газпром лигата, повикуваат од РК Вардар.

Покрај гледање на мечот, сите што ќе дојдат ќе можат да користат и 15 отсто попуст на целото мени во ресторанот во хотел Русија, информираат од таборот на „црвено-црните“.