Connect with us

Фудбал

Родригез бира, Интер или ПСЖ бидејќи Реал Мадрид не смета на неговите услуги

Како што стојат работите ова ќе биде уште една разочарувачка сезона на Хамес Родригез во дресот на Реал Мадрид. Тој се врати од Баерн Минхен по двегодишната позајмица, но Зинедин Зидан не смета сериозно на неговите услуги.

Родригез има проблеми со лигаментите па поради тоа не заиграл од 22 октомври. Неговиот кам-бек се очекува кон средината на декември. Оваа сезона одигра само девет мечеви.

Реал Мадрид сака да се ослободи од него, а интерес има од Интер и ПСЖ.

Италијанска „Република“ пишува дека Реал ќе бара 50 милиони евра за него, што е многу ако се суди според неговата форма и повредите. Има договор до јуни 2021 година, а по се изгледа во јануар ќе го промени клубот.