Connect with us

Фудбал

Родригез како позајмен

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал ќе се обиде до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигура услугите на колумбискиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Хамес Родригез.

Одличниот играч за врска не крие дека е незадоволен од соработката со шефот на стручниот штаб, Нико Ковач и посакува да ја промени клупската средина за време на зимскиот преоден рок.

Родригез и понатаму е во сопственост на актуелниот светски и европски клупски шампион, тимот на Реал (М), а популарните “топчии” сакат да го позајмат до крајот на актуелната сезона.