Connect with us

Тајмаут

Ролан Гарос објави видео од Новак Ѓоковиќ како влегува со синот, испрати моќна порака (ВИДЕО)

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го игра првото коло на Ролан Гарос против играчот под американско знаме Александар Ковачевиќ.

Новак беше пречекан со овации од француската публика, а на теренот влезе во придружба на синот Стефан.

Твитер профилот на турнирот го објави ова видео со натпис:

– Почнува ловот по бројот 23.

Секако, тоа се однесува на бројот на грен слем турнири, Ѓоковиќ моментално има 22 и доколку го освои Ролан Гарос ќе стане независен рекордер во историјата бидејќи Рафаел Надал има и 22.