Ракомет
Романците најавија, па се предомислија за преносот на мечот со Македонија
Ракометната федерација на Романија најави дека ќе врши пренос од финалето на „Трофеј Карпати“ помеѓу домаќинот и Македонија на нивниот Јутјуб канал. Сепак, во последен момент националната телевизија на Романија одлучила да врши пренос, па Ракометната федерација донесе одлука да не врши лај стрим од мечот.