Connect with us

Тајмаут

Роналдињо ќе се кандидира за сенатор во Бразил

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, Роналдињо, ќе се бори да влезе во Сенатот во Бразил в година.

Тој ќе биде дел од партијата Патриота и ќе ја претставува државата Минас Гераис. Сепак, неговата кандидатура не е сигурна и ќе зависи од победата на лидерот на партијата, Жаир Болсонаро, во претседателската трка.

Болсонаро се смета за контроверзна личност поради своите ставови за истополовите бракови, смртната казна и воената политика, а себе си се има споредено со претседателот на САД, Доналд Трамп.

Некогашниот репрезентативец на Бразил и фудбалер во Барселона и Милан, има освоено многубројни трофеи и е добитник на „Златната топка“. Својата фудбалска кариера ја заврши во 2015 година.