Connect with us

Тајмаут

Роналдињо се враќа на теренот следниот месец

Легендарниот Роналдињо повторно ќе имаме можност да го видиме како игра фудбал во септември.

Бразилскиот фудбалски великан Роналдињо ќе се врати во Еквадор во септември за да биде спонзор на детски турнир во градот Манта, каде ќе одигра и пробен натпревар против други играчи, објавија организаторите на настанот.

Поранешниот играч на ПСЖ, Барселона, Милан и Фламенго ќе биде главна атракција на натпреварот кој ќе се одигра на 24 септември на стадионот Жокај де Манта.

Заедно со Роналдињо се очекува да учествуваат Колумбиецот Фабијан Варгас и Аргентинецот Карлос Фернандо Наваро Монтој.

Ова ќе биде трето гостување на Роналдињо на Еквадор од 2016 година кога одигра егзибициски меч со Барселона од Гвајакил.