Connect with us

Фудбал

Роналдињо со видео се јави од затвор: Ова е мој партнер, мојот напаѓач

Еден од најдобрите фудбалери кој светот го има видено Роналдињо Гаучо се наоѓа во затвор во престолнината на Парагвај. На социјалните мрежи се појави снимка од Роналдињо од затворската ќелија.

Друштво му прави неговиот цимер, а бразилскиот „Глобо“ ја потврдува автентичноста на снимката.

-Поздраво до сите, до семејството Мораес. Тука сум со својот соиграч, со својот партнер-напаѓач. И, добро..Тој игра многу добро. Заедно сме, наскоро ќе играме заедно, порача Роналдињо.

Бразилецот е во затвор откако е обвинет дека користел лажен пасош при влезот во Парагвај.