Фудбал
Роналдо е во самоизолација, не се враќа во Торино?!
Првата ѕвезда на Јувентус Кристијано Роналдо ќе остане во Португалија во самоизолација откако неговиот соиграч Даниеле Ругани беше позитивен на тестирањето за коронавирус.
Роналдо не присуствуваше на последните два тренинга на тимот, бидејќи заминал да ја посети неговата мајка која имала мозочен удар.
Откако заминал во Португалија, беше откриено дека Ругани има коронавирус. Сега, се појави информација дека Роналдо ќе остане во родната земја во самоизолација.
Тимовите на Јувентус и Интер се во двонеделен карантин.