Connect with us

Тајмаут

Роналдо го прогнозираше финалето од Лигата на шампионите

Бразилецот, Роналдо го прогнозираше исходот на финалниот натпревар од Лигата на шампионите.

Роналдо ќе го следи дуелот во Киев со посебен жар, гледано според тоа дека во Реал оставил голема трага, не е ни чудо на кого ќе му даде предност.

“Мислам дека тоа ќе биде 3:2 за Реал Мадрид. Имав некои сомнежи во текот на сезоната, но “Кралскиот клуб” успеа да ги донесе работите во контрола и повторно да дојде до историска победа”, изјави Роналдо, кој потоа даде пофални зборови за играчот на Ливерпул, Мохамед Салах.

“Го обожавам, изгледа како Меси. Тој е играч со неверојатен квалитет. Ја прочитав неодамна неговата изјава дека сум му бил инспирација и многу сум возбуден поради тоа.”

Финалето од Лигата на шампионите почнува вечерва во 20:45 часот.