Фудбал
Роналдо го стигна Малдини, останува само уште еден пред него
Кристијано Роналдо на синоќешниот меч против Атлетико Мадрид го забележа 175 настап во Лигата на шампионите. Со ова тој го престигна легендарниот Паоло Малдини кој има меч помалку. Но, пред Португалецот останува уште еден активен играч, поточно голман, Икер Касиљас.
Тој има 188 мечеви во Лигата на шампионите. На Кристијано Роналдо ќе му биде потребна најмалку уште една сезона за да стигне и таа бројка.