Фудбал
Роналдо и Пјаниќ за нов триумф на Јувентус, судиите „не видоа“ пенал за Болоња
Јувентус ја совлада незгодната Болоња со 2:1 на домашен терен. Роналдо во 19.минута и донесе предност на „Старата дама“, но радоста траеше кусо бидејќи Данило израмни на 1:1 во 26-та минута.
Сепак, работите дојдоа на свое место во вториот дел откако Пјаниќ погоди за 2:1 во 54-та минута, а овој резултат остана актуелен се до крајот на мечот.
Во судиското продолжение од мечот, Де Лихт при еден центаршут, се лизна и играше со рака во сопствениот шеснаесетник, но судиите не видоа пенал за Болоња, иако гостинските играчи сугерираа такво нешто.Јувентус има 21 бодови, 4 бодови и натпревар повеќе од Интер кој е на второто место.
Серие А, 8.коло, парови и резултати:
Сабота:
Лацио – Аталаната 3:3
Наполи – Верона 2:0
Јувентус – Болоња 2:1
Недела:
12:30 ч. Сасуоло – Интер
15:00 ч. Каљари – Спал
15:00 ч. Сампдорија – Рома
15:00 ч. Удинезе – Торино
18:00 ч. Парма – Џенова
20:45 ч. Милан – Лече
Понеделник:
Бреша – Фиорентина