Connect with us

SPORTM.mk

Роналдо и во дресот на Јуве фатален за Атлетико

[ad_1]

Фудбалерите на Јувентус изборија пласман во четвртфиналето од Лигата на шампионите откако во вторникот вечерта во реванш натпреварот во Торино го совладаа Атлетико Мадрид со 3:0, а сите три погодока ги постигна Кристијано Роналдо.

И во вторникот вечерта на торинскиот „Алијанц“ Кристијано Роналдо беше кобен за мадридски Атлетико, бидејќи додека играше во дресот на Реал во 31 меч на четата на Симеоне ѝ даде дури 22 голови.

Атлетико, кој на реваншот допатува со комотна предност од 2:0, му ја препушти иницијативата на домаќинот без да покаже никакви напаѓачки амбиции во текот на речиси целиот натпревар. Единствената шанса гостите ја имаа во судиското продолжение од првото полувреме, кога Коке убаво нафрли, а Мората со глава го префрли голот.

Јувентус, пак, од почетокот тргна во намалувањето на предноста на гостите, а доминацијата ја круниса во 27 минута, кога Бернадески одлично нафрли на втората статива, Роналдо го натскока својот чувар Хуанфран и со глава го совлада Јан Облак. Во 45 минута домашните можеа целосно да ја анулираат предноста на Атлетико, кога по изведен корнер Џорџо Кјерини биеше со глава, но Облак овојпат беше на место.

„Старата дама“ во истиот стил го започна и вториот дел и веќе во 48 минута по нафрлувањето на Жоао Кансело, Роналдо повторно во скокот беше повисок од противничката одбрана за 2:0. Облак овојпат успеа да ја стаса топката, но таа веќе со целиот обем ја мина замислената гол-линија.

Во 82 минута, две минути откако го замени Марио Манџукиќ, Моис Кин не реализираше стопроцентна шанса. За негова среќа, сепак, не остана трагичар, бидејќи четири минути подоцна Кореа направи почетничка грешка и откако долго го следеше Бернадески го фаулираше кога овој влезе во шеснаесетникот на Атлетико. Роналдо беше сигурен од белата точка за конечните 3:0 и пласманот на Јувентус во четврфиналето.

Јувентус така во четвртфиналето од Лигата на шампионите им се придружи на Манчестер Јунајтед, Тотенхем, Ајакс, Порто и Манчестер Сити.

[ad_2]

Извор: Netpress