Connect with us

Тајмаут

Роналдо ја откри тајната: Брада останува до крајот на Мундијалот

Кога португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо ќе го промени имиџот, тоа го забележува целиот свет, а така беше и овој пат кога одлучи на Светското првенство во Русија да се појави со брада.

Медиумите кои го следат светското првенство ги интересирало зошто Роанлдо носи брада и како дојде до тоа, па тој одлучи да објасни.

„Бев во сауна и почнав да се бричам. Потоа го оставив бричот и си реков – ако постигнам гол против Шпанија, ке ја оставам брадата до крајот на Првенството. И тоа ми донесе среќа, постигнав гол тој натпревар, постигнав гол и на овој против Мароко и брадата останува“, рече Роналдо.

Најдобриот напаѓач на светот ги постигна сите четири гола за Португалија на ова Светско првенство и стана европски фудбалер кој има постигнато најмногу голови за својата репрезентација – 85.