Connect with us

Фудбал

Роналдо ќе одговара за несоодветно однесување по победата на Јувентус

„Кристијано Роналдо се соочува со обвинение за несоодветно однесување по победата на Јувентус над Атлетико Мадрид“ – објави УЕФА.

И покрај постапката се очекува Роналдо да биде во можност да настапи за Јувентус во четвртфиналниот двомеч против Ајакс, со оглед на фактот дека Диего Симеоне за идентична гестикулација по првиот натпревар мина само со парична казна.