Фудбал
Роналдо ќе се врати уште еднаш во Европа, убеден е Руди Гарсија
Тренерот на Ал Насер, Руди Гарсија е убеден дека Кристијано Роналдо нема да ја заврши кариерата во Саудиска Арабија, туку да се врати во Европа пред да ги закачи копачките.
„Кристијано Роналдо е позитивно засилување бидејќи ги растера дефанзивците. Тој е еден од најдобрите играчи во светот. Нема да ја заврши кариерата во Ал Насер, ќе се врати во Европа“, изјави Гарсија за Роналдо.
Португалецот има 37 години, а неговиот договор со Ал Насер е до летото 2025 година.