Connect with us

Фудбал

Роналдо купува нов фудбалски тим, дестинацијата е Португалија

Луис Назарио да Лима Роналдо на конференција „Веб Самит“ во Лисабом, која ги собра компаниите кои ја движат глобалбата технолошка индустрија, објасни дека сака да купи 51 отсто од сопственичкиот удел во Ваљадолид.

-Еден ден, бев во Русија и добив повик од некој кој е поврзан со Ваљадолид. Тоа е она што го сакав, клуб со голема историја, еден час и четириесет минути од Мадрид. Вториот фактор беше цената. Клубот е стар 90 години, со многу години во првата лига, а покрај тоа е единсвената екипа во град кој има 300 илјади жители. Беше тоа одлична можност за мене и одлучив да уживам

Некогаш, најдобриот фудбалер на светот, откри дека сака да купи уште еден клуб, но во Португалија.

-Барав клуб кој би можел да го купам. Веќе гледав во Англија, во втората дивизија. Првиот клуб беше скап, но и вториот исто така. Гледав во Португалија и уште барам, изјави поранешниот бразилски ас.