Connect with us

Тајмаут

Роналдо му рекол да му ја донесе ѕверката од 2,5 милиони евра, а овој се забил во ѕид (ФОТО)

Угледниот англиски весник „Мирор“ пишува дека телохранител на Кристијано Роналдо се забил во ѕид со неговото „Bugatti Veyron“ вредно 2,5 милиони евра. Роналдо е на одмор во Мајорка со семејството, па им рекол да му се донесе неговото Bugatti. Сепак, дошло до сообраќајна несреќа, во која за среќа немало посериозно повредени, туку само материјална штета.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Autobizz (@autobizz.in)

Со оглед на вредноста на автомобилот, штетата сигурно е голема.

-Автомобилот удрил во ѕид, но имало само материјална штета без повредени, а возачот ја прифатил целосната одговорност за тоа што се случило. Информациите за тоа кој бил зад воланот и што се случило се регистрирани во полициската база на податоци и се достапни за судот или службениците доколку треба да се спроведат дополнителни истраги, пишува „Мирор“ повикувајќи се на извори од полицискиот увид.

 

Реклама

Facebook