Connect with us

Тајмаут

ФОТО: Роналдо на прес-конференција се појави со часовник кој чини 1,8 милиони фунти!

Јувентус вечерва во рамки на третото коло од групната фаза на Лигата на шампионите е гостин на Олд Трафорд кај Манчестер Јунајтед.

Старата дама во Театарот на соништата доаѓа по три поени, а во центарот на вниманието е Кристијано Роналдо, кој конечно се враќа на стадионот каде што стана популарен. Португалцот вчера беше на прес-конференција, а особено еден детал беше во центарот на вниманието.

Роналдо носеше часовник што чинеше богатство. Имено, тој носел дијамантски часовник наречен Јаков и Ко со 424 бели дијаманти. Според англиските медиуми, овој часовник чини неверојатни 1,8 милиони фунти.