Connect with us

Фудбал

Роналдо не може повеќе да издржи во Саудиска Арабија, сака да се врати во Европа

Поранешната ѕвезда на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Јувентус, Кристијано Роналдо веќе сака да го напушти Ал Насер и покрај тоа што е во Саудиска Арабија само неколку месеци. Португалскиот репрезентативец ги напушти „црвените ѓаволи“ по скандалозното интервју што го даде за новинарот Пирс Морган во кое го нападна менаџерот Ерик тен Хег и другите клучни фигури на „Олд Трафорд“.

Роналдо не можеше да најде клуб во Европа откако му беше раскинат договорот со Јунајтед и на крајот донесе изненадувачка одлука да се пресели во Ал Насер.

„Мундо Депортиво“ тврди дека на 38-годишниот Португалец му е преку глава од ситуацијата и тешкотиите што ги доживува во Саудиска Арабија и размислува за преселба во Европа или на друго место, во зависност од тоа какви понуди ќе пристигнат. Сепак, според правилата на ФИФА, доколку Кристијано реши да го раскине договорот со Ал Насер без добра причина, ќе мора да плати отштета за преостанатите две години од договорот. Во самиот договор има клаузули кои предвидуваат други санкции за фудбалерот. Тој потпиша за 2,5 години за 200 милиони евра годишно. Дополнително, во договорот има и бонуси кои се предвидени за членовите на семејството на петкратниот освојувач на Златната топка.

Ќе биде интересно да се види дали некој од европските гиганти ќе може да го смести Роналдо на лето или напаѓачот ќе замине преку океанот во американската МЛС, која во оваа фаза изгледа неговата најверојатна следна дестинација.

Роналдо има 13 гола на 14 натпревари во саудиската лига за Ал Насер, но ќе биде интересно да се види дали тој сепак може да настапи на највисоко ниво во големите европски лиги.