Connect with us

Фудбал

Роналдо не патува во Лече

Јувентус викендов му гостува на Лече, а тренерот на шампионот Маурицио Сари одлучи да му даде одмор на Кристијано Роналдо. Тоа ќе биде втор пат оваа сезона, Португалецот да не игра на еден меч.

Нема повреда, ниту некаков друг проблем, причина е само одлуката за одмор. За десет дена Јувентус ќе одигра четири натпревари, од кои три во Серие А и еден Лига на шампиони, па поради тоа Сари сака да има свежи и одморни фудбалери, особено Роналдо кој ќе биде покорисен за други потешки натпревари.

Инаку, 9.коло во Серие А започна вечерва со дуелот Верона-Сасуоло, утре се играат натпреварите Лече-Јувентус, Интер-Парма  и Џенова-Бреша.