Connect with us

Тајмаут

Роналдо не смее ниту сијалица дома да смени, причината ја откри Георгина

Георгина Родригез откри некои од интересните факти од приватниот живот на Кристијано Роналдо. Колку и да звучи неверојатно, но Кристијано Роналдо е веројатно единствениот човек на светот кој не менува сијалици во својот дом. Георгина вели дека таа е таа која ги извршува најголем дел од домашните работи.

Задолжена и за менување сијалици бидејќи Роналдо не сака да се качува по скалата бидејќи може да се повреди.

„Кристијано е одличен татко и сопруг за кој можев само да сонувам. Тој не готви, но заслужува топла храна после секој утрински тренинг“, изјави Гоегина.

„Имаме готвач и понекогаш готвам. Менувањето на сијалиците во нашиот дом е невозможно бидејќи имаме многу висок плафон.

„Да бевте на местото на Кристијано Роналдо, дали би ги смениле светилките на висина од 6 метри? Подобро не. Грижете се за себе и посветете се да бидете најдобри во она што го правите“.

„Јас ќе се погрижам за останатото. Ќе направам сè да функционира. Ќе се грижам за домот и семејството“, рекла Георгина.

Како што е веќе познато, Георгина работела во бутик со неделна плата од 300 евра кога го запознала Роналдо. Тие се долги години во среќна врска.