Тајмаут
Роналдо објави фотографија, многумина се изненадија од неговиот син (ФОТО)
Кристијано Јуниор веќе неколку години се занимава со фудбал и покажа дека е исклучително талентиран, но КР не сака да го присилува на тоа.
Во едно од интервјуата тој призна дека се труди што повеќе да го научи својот најстар син како да биде професионалец и дека сака Кристијано Јуниор да ја следи неговата исхрана, но тоа не му оди.
Како и секое дете, Кристијано Јуниор сака да јаде и пие што сака, а Роналдо не сака да му наметнува никакви големи ограничувања.
Сепак, фотографијата која КР ја објави синоќа на Инстаграм покажа дека тренингот тече добро и дека тој го следи својот татко.
Тој и неговиот син позираа само во долна облека, а многумина се воодушевени што Кристијано Јуниор веќе има навистина одлични мускули, со оглед на тоа што има само 11 години.