Connect with us

Тајмаут

Роналдо објави фотографија од стапалата и ја згрози планетата: Што е ова луѓе мои?!

Кристијано Роналдо постојано го привлекува вниманието на јавноста поради игрите кои ги пружа, но и поради постојаната споредба кој е подобар – тој или Лео Меси. Сега тој е во јавноста, но поради сосема друга причина.

Португалецот овој пат се најде во центарот на вниманието поради фотографија која самиот ја објави на социјалните мрежи.

Роналдо професионално се занимава со фудбал повеќе од 20 години, има одиграно преку 1.000 натпревари за клубот (точно: 1.001), а над 200 за Португалија.  Секако, сето тоа влијае на состојбата на неговите нозе, особено на стапалата.

Затоа фановите останаа шокирани кога Португалецот објави фотографија од одмор на која се гледаат неговите деформирани стапала и прсти.