Фудбал
Роналдо признал дека направил грешка со Јувентус
Кристијано Роналдо наводно им признал на одредени пријатели дека направил грешка со преселбата во Јувентус. Според дел од медиумите, Португалецот чувствува носталгија кон Мадрид, но не сака да го признае јавно тоа.
Тој на пријателите наводно им рекол дека згрешил што се преселил во Јувентус и смета доколку останел во Реал Мадрид ќе ја освоел „Златната топка“.
Како што е познато Роналдо во годинашниот избор заврши трет, зад Лионел Меси, кој по шести пат го освои ова признание и зад Вирџил Ван Дајк.
Роналдо во 2018 година го напушти Реал Мадрид и за 100 милиони евра вреден трансфер се пресели во Јувентус.