Фудбал
Роналдо се извинил, но само на капитенот
Кристијано Роналдо призна дека згрешил со неговите реакции при замената и поради напуштањето пред време на стадионот. Италијанските медиуми објавија дека тој се извинил, но само на еден фудбалер, односно соиграч. Се работи за Џорџо Кјелини, кој е капитен на тимот.
Наводно Роналдо му се јавил, се извинил, и рекол дека бил фрустриран и дека не бил целосно подготвен за мечот. Италијанските медиуми објавија дека по завршувањето на репрезентативната пауза, Кристијано Роналдо планира да им се извини на сите во клубот.